Охрид во велигденски декор ГАЛЕРИЈА

1482

Продолжениот велигденски викенд на Охрид му донесе многу гости, заедно со најавата на метереолозите за подобрување на времето со дневни пријатни температури.

Во градот се чувствува раздвиженост, а полни се и летните бавчи.

Летните тераси на метално-дрвени платформи сеуште не се обновени насекаде,по невремето, во два наврати со циклони, силен ветер и големи бранови.

Во пресрет на велигденските празнувања, охригани организираа неколку привлечни манифестации, како „Велигденски базар” на учениците од ЦОУ „Григор Прличев”, Хуманитарниот велигденски фестивал „Охридски игри”

на Општинската организација на Црвениот крст и други.

За велигденските празници најбројни се гостите од Скопје и други македонски градови, а од соседството од Грција, Албанија и Бугарија.

Локалната самоуправа, дополнително,во велигденски декор,  ги украси атрактивните цветни алеи околу градскиот плоштад „Свети Климент Охридски”.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...