Педесетгодишен кавадарчанец бил повреден во сообраќајка која попладнево се случила на крстосницата меѓу улицата „Никола Минчев“ и булеварот „Македонија“, во новиот центар на Кавадарци.
Како што изјави за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, во несреќата се судриле две патнички возила, „мерцедес“ управуван од 36-годишниот Ј.Ј и „пежо 405“ управувано од педесетгодишниот Д.К.
Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци.