Демонстрантите предводени од братот на Ел Чека не стасаа до седиштето на ДУИ

4074

Демонстрантите, меѓу кои и братот на „бомбашот“ Ел Чека, Блерим Ахмеди не успеаја да дојдат до седиштето на ДУИ во Мала Речица и да им кажат на раководството на партијата предводена од Али Ахмети да си оди, бидејќи беа спречени од полицијата.

Ахмеди, за ТВ21, изјави дека полицијата ги предупредила дека може да се случи инцидент и дека тие нема да носат одговорност.

Тој тотврди дека полицијата не им дала дозвола да протестира пред седиштето на ДУИ, тврдејќи дека е јавно место и им рекле дека би можело да има судир меѓу нив и симпатизерите на ДУИ.

Дозвола за да протестираат имаат само пред ректоратот на Тетовскиот универзитет.

– Добивме информации дека многу од луѓето кои тргнaле од Кичево, Куманово, Струга добиле закани од полицијата од Полициската станица Тетово и дека биле блокирани на неколку места и не можеле да дојдат. И на мене ми се закануваше полицаецот Али Касами. Тој ми рече: Кој си ти да дојдеш од Кичево, за да организираш протест во Тетово? – изјави Блерим Ахмети, братот на Ел Чека за медиуми на албански јазик.

Демонстрантите носеа знаме на Голема Албанија и баара меѓународна истрага за случаите во кои обвинети се етнички Албанци, како и отстранување на седиштето на ДУИ од Мала Речица.

Протестот беше најавен од Ел Чека, кој еден месец на социјалната мрежа Фејсбук објавуваше прислушувани материјали за ДУИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...