Филхармонија со концертот „Ну погоди“ нè врати во детството ФОТО

Синоќа, Градскиот парк беше преполн од намерници, но и од случајни минувачи кои беа сведоци на концертот „Филхармонија на отворено“ кој годинава го реализираше, за првпат во светот, концертот „Ну Погоди“.

266

Мултимедијалниот настан „Ну Погоди“ донесе уникатност, различност, виртуозност, визуелна магија, звучно шаренило, возбуда и радост!

Синоќа, Градскиот парк беше преполн од намерници, но и од случајни минувачи кои беа сведоци на концертот „Филхармонија на отворено“ кој годинава го реализираше, за првпат во светот, концертот „Ну Погоди“ на кој беше изведена музика од најпознатите анимирани серии претежно од Источниот блок – „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Ла Линеа, „Как Казаки“…, и за бис – „Пинк Пантер“!

Бевме сведоци на магична изведба од страна на оркестарот на Филхармонија и хорот „ПроАрс“, на моќниот звук на бендот – Зоран Костадиновски – гитара, Иван Бејков – бас, Гордан Спасовски – клавијатури, Гоце Стевковски – тапани, Кирил Кузманов – саксофон, предводени од извонредниот Џијан Емин зад диригентскиот пулт, со врвна звучна продукција од страна на Ангел Ќосев, а сето тоа со извонредни аранжмани на Владимир Николов!

Ова беше настан кој долго ќе се памети, особено поради неговата единственост!

Image may contain: 2 people, people on stage

Image may contain: 1 person, crowd, night and outdoor

FOTO: Makedonska filharmonija

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...