САД воведоа санкции против руски олигарси и владини претставници

380

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе дополнителни санкции против седум руски олигарси, кои имаат врска со шефот на руската држава Владимир Путин преку 12 компании кои се во нивна сопственост или под нивна контрола.

Новите мерки ги објави денеска Министерството за финансии, а со нив се опфатени и 17 претставници на руската Влада и руската државна компанија за трговија со оружје „Рособоронекспорт“, која има долгогодишни врски со Сирија и својата подружница – Банка на руската финансиска корпорација.

– Руските олигарси и елита кои профитираат од коруптивен систем веќе нема да бидат изземени од последиците на дестабилизирачките активности на нивната влада, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Меѓу олигарсите кои се погодени од најновите санкции е сопругот на ќерката на Путин, Кирил Шамалов, потоа бизнисменот Олег Дерипаска кој е под истрага поради перење пари и Сулејман Керимов кој наводно во кофери пренел милиони евра во Франција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...