Болница во Охрид: Родилката што почина немала гинеколошка компликација

Екипата на GAO-Охрид вложи максимални напори, брзо и протоколарно е се направено. Благовремено е испратена во терциерна установа - нагласуваат од ЈЗУ Општа болница-Охрид

1201

По смртта на 29-годишна родилка на КАРИЛ поради сепса, како што утврдиле лекарите, денеска со соопштение се огласија од ЈЗУ Општа болница – Охрид, каде пациентката била породена со итен царски рез пред две недели.

Од болницата исклучуваат гинеколошка компликација и тврдат дека пациентката по породувањето била благовремено испратена во терциерна установа, а дека имала и хронична системска болест LUPUS.

– На ден 11.06.2019 год. во 04:00 на ГАО-Охрид примена е пациентка, прворотка со прснат воденик во термин за породување. Пациентка на 29 годишна возраст со хронична системска болест LUPUS и од детска возраст со имуносупресивна терапија.
Направен е итен царски рез, добиен жив женски плод 2130/46 во добра состојба .
Оперативен и ран постоперативен тек уреден. Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа ГАК – Скопје за понатамошен третман – се вели во соопштението.
Од болницата додаваат дека во тек на престојот на GAO-Охрид земен е брис од рана од родилката и истиот е стерилен (резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид).
– Следниот ден на ГАК е направена (мултидисциплинарна) ревизија и е констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација. Новороденото се наоѓа во нашето одделение и е здраво и во добра општа состојба. Им изразуваме длабоко сочуство на семејството за изгубениот млад живот. Екипата на GAO-Охрид вложи максимални напори, брзо и протоколарно е се направено. Благовремено е испратена во терциерна установа – нагласуваат од ЈЗУ Општа болница-Охрид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...