МАН ги осуди заканите на Дудуш, го повика да даде оставка

130

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осуди заканите на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш кон новинарот Љупчо Златев, кој објави случај на насилство преку аудио снимка добиена од свиркач.

– Наместо етичка и морална реакција, која во најмала рака подразбира извинување и оставка, градоначалникот Дудуш се заканува кон новинар. Наместо да се заканува, најдобро за Курто Дудуш е да го следи примерот на Павле Богоевски, сам да се пријави во полиција и во обвинителство и да си даде оставка. Бараме МВР и обвинителството веднаш да ги преземат сите мерки против градоначалникот на Шуто Оризари – се наведува во реакцијата на МАН.

На снимката која ја објави вчера лидер.мк се слуша како Дудуш на висок тон зборува со извесен Сенад кого што го заклучува во просторија, а на аудио снимката се слушаат и удари, односно тепање. Со оглед на тоа што се работи за индиции за насилство од висок функционер на владејачката партија СДСМ и носител на јавна функција градоначалник, случајот мора да биде истражен од надлежните институции, се додава во реакцијата од МАН.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...