Скандал: Обезбедувањето го нападнало момчето на Кејт Мос, мислејќи дека е „полуден фан“! ВИДЕО

Николај му возвратил на човекот кој го оттргнал од Кејт, а видеоснимката стана повеќе од вирална.

458

Обезбедувањето направило необична грешка бидејќи не го препознале момчето со кое Кејт Мос се забавува од 2015 година.

Момчето на Кејт Мос „настрадало“ пред почетокот на ревијата на Диор во Париз, бидејќи некој од обезбедувањето кое ја следело славната манекенка не го препознало па го нападнале зборувајќи му дека е „полуден обожавател“.

Обезбедувањето го оттргнал Николај Леополд Арчибалд (32) од Кејт Мос и од нејзините ќерки, но и тој исто така бурно реагирал.

Николај му возвратил на човекот кој го оттргнал од Кејт, а видеоснимката стана повеќе од вирална. Причината за тоа е и реакцијата на Мос која не се возбудила поради овој настан предизвикан поради неа, што јавно се гледа на видеото кое неколку луѓе го објавија на Твитер.

Николај е британско-германски фотограф, а со Кејт во моследните неколку години преживеа тешки моменти.

Николај ѝ беше поддршка кога во октомври 2017-та година славната манекенка беше на лекување од алкохол во „The Cabin in Chiang Mai“ установа во која се лекуваат зависници од дрога и алкохол.

Кејт за еден месец, за своето лекување во таа институција во Тајланд потрошила 10.000 фунти.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...