Во село Скудриње вчера во 12,30 часот било пријавено дека починал И.Е.(57) од истото село откако бил поклопен од камион „Там“ (негова сопственост) кој се придвижил откако претходно тој го паркирал со намера да истовари стока во касапница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Го усмртил камионот што самиот го паркирал во Скудриње за да истовари месо
loading...