Тамара ќе настапи на Парадата на гордоста

За забавата покрај Тамара ќе настапат и други естрадни уметници и неколку диџеи.

226

Тамара Тодевска ќе настапи на првата Парада на гордоста, која треба да се случи идниот викенд во Скопје.

Таа преку Твитер соопшти дека е горда што ќе пее на 29 јуни. Настанот ќе почне во „Жена бopeц”, а ќе заврши во школката кај Градскиот парк, каде што е предвидено да говори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и други говорници.

За забавата покрај Тамара ќе настапат и други естрадни уметници и неколку диџеи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...