Годишнина од палењето на Ренџот

Господине Спасовски, дозволете да ве потсетам дека „Ренџот“ е запален со маслото на истакнати луѓе од Министерството за внатрешни работи, дека чкорчињата ги фрлија аутсорсинг бандитите на Министерството и дека идејна логистика на целата операција беше екипа која беше на директна линија со Министерството.

1727

Господине Спасовски, вие, можеби, верувате дека вашата министерска фотеља е доволна цена за мојот џип. Тоа е, признавам, солидна противвредност, но, сепак, сакам да ве уверам, далеку е под нивото на автомобилот и, особено, под нивото на борбата во која карот падна како жртва.

Дозволете да ве потсетам дека „Ренџот“ е запален со маслото на истакнати луѓе од Министерството за внатрешни работи, дека чкорчињата ги фрлија аутсорсинг бандитите на Министерството и дека идејна логистика на целата операција беше екипа која беше на директна линија со Министерството.

Имињата ги знаат и јапонските туристи што по улицата Македонија ги слушаат македонските преваранти маскирани во туристички водичи. И вие ги знаете, но еве ви ги уште еднаш: Сашо, Митко, Миленко, Тони, Кољо, Нинџа…

Мило ќе ми биде ако вие и вашето ценето Министерство, присуствувате на одбележувањето на тригодишнината на палежот, на паркингот меѓу кафеаната „Златна вилушка“ и хотелот „Русија“, на 13 мај 2018. Камери не мора да ангажирате, ги има по бандерите, истите што го имаат регистрирано и злото од пред три години. И депонирано во вашите архиви.

Прием и изрази на сочувство во “Златна вилушка” од 13 часот.

Благодарам на вниманието.

Со почит.

Бранко Тричковски
Скопје, 05.04.2018

(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...