Спасовски: Во интегративните процеси вреди да се инвестира како гарант за реална општествена безбедност, развој и просперитет

220

Неспорен факт е дека политичките констелации и тенденции. независно на кој период се однесуваат, секогаш имале директни импликации во регионалните и конечно – националните внатрешни состојби. И вклучително, се разбира, во делот на безбеноста. Ова особено во контекст на перспективите на, условно кажано, помалите држави“, рече министерот Оливер Спасовски во денешното обраќање на 10-тата по ред меѓународната научна конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави“, што се одржува во Охрид во организација на Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на фондацијата „Ханс Зајдел“ од СР Германија и покровителство на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, соопштија од МВР. 

И конечно, рече Спасовски, но и незаобиколно: цивилизациското, социјалното, културолошкото и економско динамизирање и глобализирање на општествениот развој, особено  од почетокот на осумдесетите години на минатиот век наваму, а мотивирани од исто таквата интензивна динамика на меѓународните политички идеи, односи и позиции, наметна потреба од изградба на нови поконкретни механизми, особено важни за малите држави како во смисол на осигурување на сопствената безбедност и развој, така и во смисол на проактивна партиципација во генералните политички трендови.

„Следствено на тоа, сакам да истакнам дека процесот на политичко или економско интегрирање, етаблиран во изминативе неколку децении, се покажа како суштествено приоритетен политички механизам особено од интерес за малите држави. Преку тој концепт на политичко делување и партнерство – принципите на соработка, координација, солидарност, добиваат на посебна политичка тежина и значение. Како во смисол на постигнување на внатрешна стабилност на земјите, така и во поглед на заедничката, колективна безбедност. Република Северна Македонија, јасно ги препозна тие и такви тенденции резолутно дефинирајќи, во рамките на своите државни интереси, дека интегративните процеси сe нешто во што вреди да се инвестира како гарант за реална општествена безбедност, но и општествен развој и просперитет“, рече Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...