Заев ќе сведочи за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села

494

Премиерот Зоран Заев ќе биде сведок на судењето за обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, дознава „Макфакс“.

Предлогот дошол од еден од адвокатите на одбраната по дел од изјавите на Заев дадени во јавноста и медиумите за овој настан кој се случи на 27 април 2017 година во законодавниот дом.

Адвокатите и судот ќе го испрашуваат Заев за тоа што точно видел во Собранието, а е поврзано со обидот за убиство на претседателот на Алијансата за Албанците.

Судијката Славица Андреевска, која го води предметот, за месецов закажа 5 рочишта кои ќе се одржат на 10, 16, 18, 25 и 27 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...