| Вести денес: 0

Хамилтон ја освои Големата награда на Франција

97
ФОТО: EPA/LUIS FORRA

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена на „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција со време 1 час, 31 минута, 24 секунди.

За Британецот ова беше трет триумф во низа, шести оваа сезона и 79. во кариерата.

Триумфот на Мерцедес го момплетира Валтери Ботас кој заврши на втората позиција со 18 секунди заостанување зад победникот.

Место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари кој предвидените 53 круга ги мина со 19 секунди послабо време од Хамилтон и нецела секунда зад второпласираниот Ботас.

Меѓу првите десет се пласираа уште и: Верстапен (4.место), Фетел (5), Сајнц (6), Рикардо (7), Раиконен (8), Хулкенберг (9) и Норис(10).

Во Генералниот поредок Хамилтон е убедливо прв со 187 бода, Ботас има 151, Себастијан Фетел 111, Макс Верстапен 100, Шарл Леклер 87,…

Следната трка ќе се вози следната недела во Австрија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...