Мaкедонскиот јазик (1)

Многу, многу поинаку од жолчната и ултимативна Е. Захариева гледа на сегашниот спор околу „припадноста“ на Делчев е софискиот филозоф И. Дичев кој ги образложи своите, пред сè и над сè, добронамерни гледишта во посебна статија – „Чиј е Гоце Делчев? Не наседнувајте на провокации.“

702

Ако се суди според бурните и бучни реакции на тема: „Чиј е Гоце Делчев?“ и тоа по неодамна потпишаниот Договор за пријателство со соседна Бугарија, почетната еуфорија мошне брзо еволуира во дисфорија. Тука треба да се потсети дека и во таа почетна еуфорија можеа да се чујат скептични гласови.  Така, на пример, филозофот Ф. Мухиќ, актуелен пратеник на коалицијата на власт кој гласаше за тој Договор, не пропушти да се огради од него кога најде за сходно да изјави од собраниската говорница дека бил „асиметричен“.

Има силни индиции кои наведуваат на помисла дека тој Договор беше нешто како увод во еден друг, веќе познат во јавноста како Преспански договор меѓу Грција и Македонија кој стави точка на еден децениски спор меѓу две соседни замји од кои едната (Грција) членка на ЕУ, а другата (Македонија) ја гледа својата иднина во евроатлантските интеграции. Тоа што сега од уводот на Преспанскиот договор бијат некои студени, дури непријателски ветришта (Чиј е Гоце Делчев?), не е на арно. Иако, во прво време, тој увод како од Европа така и од светот беше прогласен за многу арна работа.

Затоа може (и треба!) да се рече  дека оваа 2019 г. во која две паритетни комисии од Софија и Скопје треба да ефектуираат некои точки и теми од тој Договор, по многу нешта потсетува на далечната 1948., година во која првото име на македонистиката (репективно на македонизмот)  Б. Конески на чудесен начин (со оглед на возраста; имаше само 27 години) ја внесе, како авторитетна научна дисциплина, во семејството на славистикта, беше принуден да истапи во јавноста со една обемна и темелна полемичка распрва под наслов „По повод најновиот напад врз македонскипот јазик“ (Скопје, 1948., репринт 2002.)

Тоа што потсетува ни оддалеку не значи дека политичкиот амбинт и атмосфера (контекст!) се – идентични. Ако потсетува, тоа се должи во прв ред на некои жолчни, да не речам, хистерични изливи на кои не се имуни ни некои највисоки авторитети во политиката на нашиот источен сосед. Иако, како што барем мене ми се чини, тие изливи имаат скриена, практична цел која сепак се гледа од авион. Таа цел се состои во тоа да му се фрли крваво парче свежо месо на ѕверот “етнононацонализам“ (Ив. Дичев) на чија прва борбена линија се ноаѓа министерот на војската во владата на Б. Борисов Каракачанов. Негов агилен гласноговорник („глашатај“ во полемичката расправа на Конески) е Е. Захариева, министер за надворешни работи во истата влада. Ако не се лажам, таа се закани со оставка од владата на Борисов ако македонската комисија која расправа за спорни историски ликови и настани со соодведна, под водство на А. Димитров, не прифатела дека Г.Делчев од Кукуш бил етнички Бугарин.

Многу, многу поинаку од жолчната и ултимативна Е. Захариева гледа на сегашниот спор околу „припадноста“ на Делчев е софискиот филозоф И. Дичев кој ги образложи своите, пред сè и над сè, добронамерни гледишта во посебна статија – „Чиј е Гоце Делчев? Не наседнувајте на провокации.“ (Либертас, 21. 06. 2019.) Има едно место во таа статија кое заслужува посебно внимание. Тоа место од статијата на Ив. Дичев гласи: „ се надевам дека нема да има заедничка вистина [на комисиите кои пеглаат историските „междусебици“] туку во сферата на хуманитарното знаење зборувам за дијалог, за уважувањето на другиот. Дали нема грешки кои ние Бугарите не треба да ги признаеме како, на пример, окупацијата на териториите подарени од Хитлер? Дали не треба да го омекнеме малку надменото непризнавање на македонскиот јазик и наместо тоа да почнеме со системска политика на зближување на двете јазични норми, на воведување нивни изрази, на факултативна настава по македонски?“

Зошто тоа место од статијата на Ив. Дичев заслужува посебно внимание и, во последица на тоа, дополнителини разјаснувања и коментари? Затоа што ни на филозоф од голем формат („маштаб“ како што велат нашите соседи) не му пошло од рака да се откачи некои контрадикции кои треба да се разјаснат. Се знае дека зад нив стојат крупни мотиви. Тие мотиви се во надлежност на – разјаснувањето. Кога прибегнуваме кон утврдување видливи или скриени пораки од наведеното место на сатијата на Ив. Дичев, ние толкуваме (интерпрeтираме). Кога, меѓутоа, ние се занимаваме со мотивите на видливи или скриени пораки, ние тогаш разјаснуваме. Накусо, крупна и важна е разликата меѓу толкувањето (интерпретација) и разјаснувањето. За тоа ќе стане збор во следниов напис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...