Пукал во возило во движење во Карпош, возачот не е повреден

350

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 22.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.П. пријавил дека додека се  движел со патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки по булевар „Октомвриска револуција“, од паркингот на хотел непознато лице пукало кон неговото возило, по што со друго возило побегнало во непознат правец.

Д.П. не бил повреден. Причинета е материјална штета на неговото возило. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...