Ноќеска 45 минути по полноќ на ул. „Црниче“ во Скопје, Ј.О. (36) од Скопје, управувајќи патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото и удрил во метална ограда сопственост на Министерството за внатрешни работи.
Причинета е материјална штета на возилото и оградата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.