Маж и жена се мајтапеле во ресторан во Скопје и не платиле сметка

1412

Машко и женско лице половина час пред полноќ недолично се однесувале во ресторан во центарот на Скопје, информира МВР.

Случајот во полиција бил пријавен 40 минути по полноќ. Машкото лице фрлило две менија на земја и по пет минути заедно со женското лице го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката.

Вработената излегла по нив со сметката и им укажала дека не платиле, но машкото лице почнало да вика и да тврди дека ја платиле сметката и дека некој ги украл парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...