Иранските власти егзекутираа свој државјанин, кој наводно бил шпион на ЦИА.
Според државната иранска телевизија, мажот бил соработник во одделот за вселенски истражувања на Министерството за одбрана. Тој бил уапсен заедно со сопругата во 2010 година под обвинение за шпионажа за ЦИА , зашто властите тврдеа дека во нивниот стан биле најдени јасни докази за тоа.
По повеќегодишна истрага и притвор, судот го осуди на смрт, а сопругата на 15 години затвор. Пресудата ја потврди и највисокиот ирански суд , па на почетокот на неделава мажот бил обесен во затворот Раџај Шар во градот Карај.
Во Иран се применува смртната казна во случај на убиство, силување, вооружен грабеж и тешка трговија со дрога и во случаи на шпионажа.