Преку Превентивната програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно, се обезбедуваат бесплатни услуги од дерматолог, гинеколог, психолог и бесплатна контрацепција и терапија за сексуално преносливи инфекции (СПИ), поддржани од Клиниката за дерматологија, Клиниката за психијатрија и Клиниката за гинекологија и акушерство.
Во овој центар, граѓаните можат бесплатно и доверливо да направат: Гинеколошки прегледи и советувања (дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија и контрацепција, ехо-преглед), dерматовенеролошки прегледи (крио-терапија, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија); Тестирање за ХИВ; психолошки советувања;
– Врсничка едукација/едукација со педагог; дистрибуција на кондоми и едукативни материјали; советувалиште за превенција од употреба на дроги.
Сите услуги се пристапни и достапни и за лица/млади со попреченост. Услугите се одвиваат во однапред определен фиксен термин во времетраење од 3 часа.