Убиениот во престрелката во Мала Речица Наип Реџепи бил влијателен член на ДУИ во Куманово. Неговиот прекар бил Беланока.
Како што пишуваат порталите на албански јазик, Реџепи бил еден од кандидатите за претседател на партискиот огранок во Куманово.
Неговата последна активност на Фејсбук е од пред 3 недели, на 13 март кога споделил фотографија на која пишува „Сите се раѓаат машки, но не секој умира како маж“.