Скубе останува во Вардар до 2022

153

 Словенецот Сташ Скубе ќе остане во Вардар до 2022 година. Тој го продолжи договорот со двојниот европски првак и во иднина ќе биде еден од носителите на играта кај „црвено-црните”.

– Скубе дојде на почетокот на сезоната и веднаш се наметна како една од важните алки во играта на Вардар. Стана миленик на публиката и битен дел од играта на тимот. Неговите игри на некои натпревари беа од огромна важност за конечниот исход, и како играч и личност покажа голема професионалност – објави РК Вардар на клупскиот сајт.

Сезоната што заврши Скубе во ЛШ постигна 59 гола, а 44 во СЕХА Газпром лигата. Освои четири трофеи, почнувајќи од домашниот Суперкуп, па СЕХА Газром лигата, првенството на Македонија и ЕХФ Лигата на шампионите.

– Задоволни сме што Сташ останува со нас и во следните сезони. Со продолжувањето на соработката сигурни сме дека ќе бидеме уште подобри, а тој ќе продолжи да биде еден од лидерите во тимот. Вардар го задржува костурот на тимот и сериозно се подготвува за предизвиците во сезоната 2019/2020, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...