Повредениот полицаец во сообраќајката кај обиколницата е на домашно лекување

222
20151109 Monday 1141 klinicki centar drzavna bolnica incident povreden doktor zastrelan policija bolnica

Еден од полицајците што настрадаа во вчерашната сообраќајка кај скопската обиколница за време на сообраќајна контрола е пуштен на домашно лекување.

Како што информирал за МИА раководителот на Ургентниот хирушки центар, д-р Алберт Леши, другиот полицаец синоќа им подлегнал на повредите. Возачот на легитимираното возило, во кое удрил камионот, пак, е на интензивна нега, но се наоѓа во стабилна состојба.

– По 45 минути, тој (полицаецот) им подлегна на повредите и во 19:45 часот е констатирана смрт. Потешко повредениот кој е сместен во Единицата за интензивно лекување при КАРИЛ има повреди на рбетот, десното рамо и десната потколеница и е во стабилна здравствена состојба – истакна Леши.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „БМВ“, полициско возило и камион, при што на лице место загина совозачот на автомобилот. Несреќата, според МВР, се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „БМВ“. Во тој момент, камион „МАН“ удрил во „БМВ, по што тоа удрило во полициското возило и се запалило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...