Во медиумите се појави аудио снимка за која се тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопската општина, Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа.
Снимката ја објави порталот Лидер со тврдење дека им ја пратил свиркач.
– Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа – вака почнува аудио снимката, која свиркачот ја доставил до редакцијата на Лидер.
Понатаму се слуша како наводно градоначалникот Курто Дудуш го прашува тепаниот зошто го пцуел „на сред центар” и почнува физички да го малтретира. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на човекот, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.
Официјална реакција за ова засега нема од истражните органи.