Пендаровски го стокмил новиот Совет за безбедност

Тројцата членови кои на негов предлог ќе бидат дел од ова советодавно тело на шефот на државата, кое брои девет членови, се првиот министер за одбрана во независна Македoнија, Трајан Гоцевски, професорот на УЈИЕ, Ветон Љатифи и професорот од Правниот факултет при УКИМ, Ненад Марковиќ.

1137

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека го комплетирал составот на Советот за безбедност.

Како што изјави за емисијата на ТВ Алсат М, „360 Степени“, тројцата членови кои на негов предлог ќе бидат дел од ова советодавно тело на шефот на државата, кое брои девет членови, се првиот министер за одбрана во независна Македoнија, Трајан Гоцевски, професорот на УЈИЕ, Ветон Љатифи и професорот од Правниот факултет при УКИМ, Ненад Марковиќ.

Останатите шест члена кои се дел од Советот по функција се: претседателите на државата, на Собранието и на Владата, како и министрите за внатрешни, за надворешни работи и за одбрана.

Пендаровски кажа дека го потпишал и указот за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со кој се предвидува формирање Совет за координација со кој ќе претседава премиерот, поради, како што рече, дополнување направено во последен момент.

-Првата надлежност на Советот за координација во кој координира и е главен премиерот, е да ги имплементира препораките од Советот за безбедност што е кај претседателот на државата. Тоа не беше во сите верзии до крајот на кампањата. Да не ми се налутат луѓето од владејачките партии, но знаете ли на чие инсистирање е внесена таа одредба, сосема на крајот на завршните сесии на таа експертска комисија? На предлог на претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Им благодарам за тоа. Да не го именувам, пратеник е, кој има искуство во таа сфера. Рекол ова оди во таа насока, треба да имаме баланс, изјави Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...