Како што појаснуваат од Општина Велес, целта на денешната акција била да се уреди пристапниот пат долж езерото пред стартот на туристичко – капачката сезона. Ова езеро е посетено посебно во лето од голем број домашни и странски туристи, кои тука поминуваат на пропатување кон и од Грција.
Од Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат до сите посетители отпадот, особено лименки, конзерви и стакло, кои се многу опасни за капачите и посетителите на езерото, да го фрлаат во поставените контејнери и корпи за отпадоци.