Мина пронајдена близу стрелиштето во Прилеп

132

Противпешадиска распрскувачка мина, произведена во поранешна СФРЈ, била пронајдена вчера во Прилеп, на место викано „Борула“, над стрелиштето „Леково“, во близина на патот.

Како што соопшти МВР, увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...