Беса: Неместо МВР да ги гони криминалците, се занимава со графити од „бомбите“

149

Teтовската полиција го повикала на информативен разговор претседателот на Унијата на младите на Движењето БЕСА, Лиридон Усеини поради графитите напишани низ Тетово, со порака за дислоцирање на седиштето на ДУИ од Мала речица, но и за графитите против челниците на ДУИ, пренесува весникот КОХА.

Овој потег на полицијата од БЕСА го сметат како порака против нивните функционери.

– Наместо МВР да се занимава со криминалните функционери од владата, тие се занимават со граѓаните кои изразуват протест и револт за пораките излезени од прислушаните разговори – велат од БЕСА за весникот КОХА.

Од Секторот за внатрешни работи за Коха велат дека за графитие ќе има посебен извештај, но не дават детали за информативниот разговор на првиот човек на помладокот на БЕСА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...