Заев и Тачи се договориле Даути и натаму да министерува

959

Бардуљ Даути, единствениот министер од ДПА во Владата на премиерот Зоран Заев, може да здивне, бидејќи нема да биде опфатен со реконструкцијата, потврди за Плусинфо висок функционер од Владата.

Даути е министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

ДПА вчера на партискиот Фејсбук профил објави дека лидерот Мендух Тачи се сретнал со премиерот Заев во Владата, но немаше детали што било договорено во финалните консултации за реконструкцијата.

Според најавите, предлогот за реконструкција на Владата се очекува денеска да биде доставен до Собранието.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...