Бобан Илиќ обвинет тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот во случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, повторно е осуден на шест години затвор.
Ова е втора пресуда бидејќи Апелација претходно го врати случајот на повторно судење. Но, казната затвор која ја одреди кумановскиот суд и сега е иста.
Илиќ првично се товареше за убиство со умисла, но во првиот судски процес на рочиштето за завршните зборови обвинителството направи преквалификација.
Како објаснување за ваквиот чекор од обвинителството тогаш го посочија тоа што кога било покренато првичното обвинение за убиство со умисла, доцнеле вештачењата – психијатриското и техничко-сообраќајното. Како што наведе тога обвинителката, пред да се случи прегазувањето на малиот Алмир што се гледа на снимката објавена во јавноста, Бобан Илиќ и неговите брат и девојка биле физички нападнати и им го оштетиле автомобилот, но тој дел од снимката не бил објавен јавно. Девојката која била со двајцата браќа, се јавила и во полиција за да побара помош.
Во случајот за насилство осудени е и таткото, чичкото и братучедот на Алмир.
Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година, по банална расправија во болницата.