Шилегов за МКЦ: Не го прочитав писмото, во општеството пребрзо се суди

1367

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека не го прочитал писмото кое над 250 уметници го испратија до премиерот Зоран Заев апелирајќи да не се менува раководството на МКЦ каде надводно за директор се спрема музичарот Бени Шаќири.

– Не го прочитав писмото на уметниците, затоа што не беше адресирано кон мене и немам коментар за ситуацијата, бидејќи сметам дека живееме во општество, каде што сѐ уште пребрзо се суди, кога постапката уште не е завршена – рече Шилегов.

Инаку, тој во рок од две недели ќе одлучи кој ќе биде директор на МКЦ, откако ќе бидат разгледани двете пријави што стасале на конкурсот кој се оддолжи поради претседателските избори. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...