ОЈО поднесе обвинение за пукањето во Маџари каде имаше и малолетно дете

377

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело „убиство во обид“, како и за кривични дела „соизвршителство“ и „предизвикување општа опасност“.

Осомничениот на 24 јануари годинава по претходен договор со негов близок роднина, кој во моментот е недостапен за органите на прогонот, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице.

Во соопштението од ОЈО се наведува дека на критичниот ден обвинетиот управувајќи возило „фолксваген голф 3“ удрил во автомобил „фолксваген голф 5“ во кој се превезувале лицето кое се обидел да го убие заедно со неговиот малолетен син и со уште две лица со кои бил во роднинска врска. Обвинетиот имал помош и од негов роднина и од други засега непознати лица кои биле во голфот и во уште едно возило „алфа ромео 156“. Тие со шипки ги скршиле стаклата на возилото на оштетениот, а во тој момент од автомобилот излегло неговото дете кое било удрено со тупаница од осомничениот.

Обвинетите и засега неидентификуваните лица кои биле со нив, потоа отвориле оган кон оштетениот нанесувајќи му повреди на двата скочни зглоба на нозете и скршеници на левиот талус и на десната потколеница.

Оштетениот паднал на земја, но еден од неговите роднини, со пиштол „Ekol Special 99“, кој го поседувал без дозвола, возвратил на пукањето. Со тоа, и тој предизвикал значителна опасност  и против него е покренато обвинение за кривично дело „предизвикување општа опасност“ и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...