Финансиска полиција со кривични за 51 лице и 28 фирми: Штета од над 8 милијарди денари

Директорот најави дека очекува брза реализација и на други предмети за кои во моментов се обезедувааат докази. Тој рече дека е задоволен од соработката со обвинителствата, но нагласи дека им е потребно повеќе време за „убедување“ на обвинителите, кои се правници, дека во одреден случај навистина има финансиски криминал.

5027

Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, денеска на прес-конференција презентираше што сработиле во текот на оваа година, заклучно со вчерашниот ден, при што рече дека поднеле вкупно 28 кривични пријави.

Тие се поднесени против 51 лице и 28 фирми, а се однесуваат на сомненија за 48 кривични дена.

Шетата која е причинета во овие случаи, рече Муарени, изнесува над 8 милијарди денари.

Пријавите се поднесени до надлежните јавни обвинителства, меѓу осомничените има и актуелни функционери.

Директорот најави дека очекува брза реализација и на други предмети за кои во моментов се обезедувааат докази. Тој рече дека е задоволен од соработката со обвинителствата, но нагласи дека им е потребно повеќе време за „убедување“ на обвинителите, кои се правници, дека во одреден случај навистина има финансиски криминал.

Од финансиската полиција денеска ги презентираа и дел од случаите за кои во јавноста има најголем интерес:

Финансиска полиција влезе во МРТВ: Директорот земал кредит без дозвола

Директорот на Институтот за јавно здравје „преспал“ долгови од над 650.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...