Директорот на ЈЗУ Институт за јавно здравје, Ш.М., раководител на Секторорот за логистика и правно-финансиски работи и референт на наплата на побарувања „преспале“ долгови кои граѓани и фирми ги имале кон оваа институција и направиле штата од над 650.000 евра.
Финансиската полиција, која денеска презентираше што има сработено годинава, информираше дека против тројцата е поднесена кривична пријава бидејќи не преземале ништо за да наплатат долгови и фактури кои кон Институтот од 2010 до 2017 ги имале поголем број на фирми и физички лица.
Не доставиле опомени за тужби, не дале налози за тужби итн.
Со непостапувањето, дел од долговите во износ од точно 40.709.621 денари (околу 660.000 евра) застареле и во 2017 биле отпишани.