Шпанија демантира дека била против датум за почеток на преговори со Македонија

204
Шпанската амбасада во Скопје ги демантира информациите дека заедно со уште шест земји-членки на Европската Унија била против одредувањето датум за отпочнување на преговори со Северна Македонија.
„Сметаме дека со соопштението на романското Претседателство на Советот на ЕУ се отфрлаат шпекулациите пласирани вчера од страна на еден опозиционен политичар од Северна Македонија според кои Шпанија наводно била против датумот за отпочнување на преговорите заедно со други шест земји членки. Шпанија ги препознава значителните заслуги на Република Северна Македонија, а особено Преспанскиот Договор кој претставува пример за регионот“, се наведува во соопштението од Амбасадата на Шпанија во Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...