Скопјанец си пазарел, а криел дека фирмата има блокирана сметка

1395

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Полицијата информира дека пријавениот, со лажно прикажување на факти како ополномoштено лице со полномошно од 27.01.2017 година заверено на нотар, а дадено од неговата сестра како управител на правно лице, за да презема дејствија во нејзино име, довел во заблуда претставник на друго правно лице и се стекнал со имотна корист во вкупна вредност од 154.201 денари. Тој го прикрил фактот дека не може да ја плати набавената стока, односно дека неколку месеци има блокирана жиро сметка и нема активен деловен статус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...