Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против П.М.(19) и В.А.(18), двајцата од село Куклиш, Струмица за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Првопријавениот прибавил банкарски податоци од платежната картичка сопственост на Б.К.. од Радовиш, по што на 23 март 2019 второпријавениот, ги употребил ваквите податоци, и во три наврати, преку интернет сервисот на „PaySend“, извршил пренос на пари на сопствената сметка. По ова, на 24.03.2019 година од банкомат во Струмица, истиот ги подигнал паричните средства, и половина од износот му дал на првопријавениот.
Си префрлале пари на своја сметка од картичка на Радовишанец, добија кривични
loading...