Град падна во Ѓорче Петров, на Матка и во околината (ФОТО)

947

Град со големина на грашок пред половина час почна да паѓа во Ѓорче Петров, на Матка и во пошироката околина на Скопје. Градот е проследен со пороен дожд кој сѐ уште паѓа. Сопствениците на куќите кои имаат и бавча во дворот се надеваат дека градот нема многу да му наштети на зеленчукот и дека летово ќе има „шопска“ салата.

Од УХМР прогнозираат невреме и утре попладне, за добредојде на летото, а од сабота повторно температури над 30 степени Целзиусови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...