Камчев: Не сум бил поканет за „Тортура“, да бев поканет ќе дојдев!

426

Орце Камчев тврди дека не бил уредно поканет за денешното рочиште во случајот „Тортура“, каде требаше да се појави во својство на сведок.

„Во врска со наводните тврдења пласирани денеска во медиумите, во кои се наведува дека сум бил уредно повикан, но не сум присуствувал како сведок на денешното рочиште за случајот „Тортура“ под полна морална и кривична одговорност Ве известувам дека до мене ниту лично ниту на кој било друг начин не е доставена покана за присуство на горенаведното рочиште.

Доколку бев уредно повикан и ја имав примено поканата нема причина поради која што не би се кавил во судот како сведок во случајот“, наведува Камчев во реакцијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...