Водителката Деа Ѓуревиќ се врати на работа во нејзината емисија „Ново утро“ на ТВ Пинк, откако пред четири месеци во несреќа ѝ беше откината раката.
– Менe ми се чинеше како да не ни беше отсутна – рекол нејзиниот колега Предраг Сарапа со солзи во очите.
– Ме пречекаа со аплауз. Поминав низ сѐ, туркав напред. Морам да кажам дека сѐ е во главата. Имав многу операции за да преживеам. Раката ми беше ампутирана, ногата парализирана, имав тешки повреди, но сето тоа помина со насмевка на лицето. Моите најблиски ми дадоа поддршка – рекла Деа, која и натаму продолжува со рехабилитација.
Водителката пред неколу месеци имаше мал судар со автомобил, а кога излегла да разговара со возачот покрај неа поминал автобус и ѝ ја откинал раката. Таа сега го тужи возачот на автобусот.