Сеад Кочан на 17 јули во затвор

490

Судија за извршување санкции му испратил упатен акт на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на СЈО, во кој му налага на 17 јули да се јави во затвор да си ја одлежи казната од 4 години и 8 месеци.

Кочан е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна. Второобвинетиот, Василие Авировиќ, исто така беше осуден на затвор од три години, но Апелацискиот суд му ја преиначи казната и му одреди условна односно две години затвор кои нема да се извршат ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Третиот кој беше обвинет во предметот, Сафет Ватиќ, доби ослободителна пресуда.

Во обвинението на СЈО се најдоа и три фирми, „Трансмет“, „Силекс неметали – Кратово“ и „Вато“, од кои третата беше ослободена. За другите судот одреди и конфискација на имот од околу 17 милиони евра.

„Труст“ се однесуваше на добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...