Судијата Ерик Мезолаки изјави дека тројца од криумчарите нема да имаат можност за помилување, додека четвртиот ќе одлежи најмалку 30 години затвор.
Осудени се Авганистанец, кој ја предводел таа група, и тројца Бугари.
Тие беа прогласени за виновни за организирано криумчарење на луѓе и убиство без предумисла, бидејќи не го запреле камионот и не ја отвориле вратата за да влезе воздух.
Судијата рече дека мигрантите ја удирале вратата и викале, обидувајќи се да го привлечат вниманието на возачот. Тогаш се задушиле 59 мажи, осум жени и четири деца од Сирија, Ирак и од Авганистан. Тој случај ја шокираше Европа, која се бореше со големиот бран мигранти.