Од 1 јануари ќе има лекови цел месец, сите аптеки во мрежата во МЗ

343

Од 1 јануари 2020 година сите аптеки кои се надвор од мрежата ќе може да влезат во мрежата аптеки во Министерството за здравство и со тоа да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Со ова овие 20-тина проценти од вкупниот број аптеки во нашата држава значајно ќе придонесат за зголемено снадбување со лекови на сите граѓани, а со тоа на некој начин да се надмине проблемот со недостигот на лекови, кој се јавува после одреден датум во месецот – рече Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...