Денеска дожд, утре ќе не огрее сонце

305

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат поинтензивни во северните и централните делови , каде локално се очекува да наврнат над 25 литри на мерат квадратен.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. Според Управата за хидрометеоролошки работи температурите ќе се движат од 8 до 18 степени. Променливо облачно и врнежливо време ќе има и во сабота.

За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и сончево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...