И осумката од ВМРО – ДПМНЕ сака да ги крои измените на Изборниот законик

720

Осумката од ВМРО ДПМНЕ, согласно своите заложби и принципи за конкретни чекори кои ќе придонесат кон демократизација на општеството и со тоа, позадоволни граѓани, бара место во работните групи за измени на Изборниот законик, информира пратеничката група утрово.

„Функцијата на Собранието во парламентарна демократија каква што е и РС Македонија треба да се надоградува. Во таа насока, време е за прашања значајни како Изборниот законик да се зборува транспарентно и со учество на повеќе страни. Пратеници, граѓански сектор, јавноста, треба да бидат дел од овој процес за истиот да заврши позитивно и како што е најдобро за демократијата.  Никој нема ексклузивно право над овие значајни прашања, а нашето учество ќе го обогати процесот и ќе допринесе за поквалитетно решение“, се вели во соопштението од независнаа пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...