Се запали локомотива на станицата Бујановац, прекинат сообраќајот на Коридорот 10

Повторно воспоставување на железничкиот сообраќај на овој дел на Коридорот 10 се очекува утре претпладне.

409
FOTO RTS

На локомотивата на товарниот воз “Србија Карго” на железничката станица Бујановац  избил пожар кој е локализиран. Во прекин е железничкиот сообраќај на делницата  Бујановац–Прешево. И патничкиот сообраќај ода авто-патот од Прешево до Бујановац  е пренасочен на магистралниот, поради чадот, јави телевизијата РТС.

Пожарот се случил околу 16.30 часот на железничката станица Бујановац, соопштија од  “Инфраструктури на железницата на Србија”.

Гаснењето на пожарот траело подолго од два часа.

Локомотивата од товарниот воз “Србија Карго”, којшто превезувал контејнери, се  запалила на влезниот сигнал во железничката станица Бујановац, а машиновозачот ја напуштил локомотивата пред да букне пожарот.

Пожарот моментно е локализиран, а на лице место се наоѓаат пожарникарски единици и вработени на железницa.

Повторно воспоставување на железничкиот сообраќај на овој дел на Коридорот 10 се очекува утре претпладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...