Милошоски: Ќе дадам оставка ден по оставката од Заев, Османи и Димитров, тие се ширачи на лажни вести

917
20150915 Tuesday 1311 sobranie pratenici Antonio Miloshoski Milososki

Најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров. Подготвен сум да дадам оставка ден по поднесување оставка од нивна страна, рече вечерва пратеникот Антонио Милошоски во „24 Анализа“, во врска со неговиот јавно објавен став за добивањето датум за преговори за членство на земјава во ЕУ.

Според Милошоски, МНР има телеграми и дописи од Брисел кои јасно укажуваат кои земји се „за“, а кои „против“ почнувањето преговори. Ако министерот биде доблесен и излезе на ТВ дуел или ги обајви, ги декласифицира тие информации, потенцира Милошоски, на јавноста ќе ѝ биде појасно.

-Прифаќам да поднесам оставка за лажни моменти ден по поднесувањето оставка од страна на Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров кои во 2008 година ширеа лажни вести дека Македонија добила датум за јуни 2019-та. Многу ми е жал што лани премиерот Заев манипулираше со македонската јавност дека во јуни имаме сигурен датум. Жал ми е што Македонија го нема добиено датумот што го заслужува од 2009 година кога првпат добивме препорака од Европската комисија за почнување на преговорите, но тогаш имавме се уште нерешен спор со Грција и тоа беше изговорот за блокада од грчката страна. Владата минатата година направи референдум и забави за ЕУ и НАТО интеграцијата, потроши 180.000 евра, убедувајќи не дека имаме датум, истакна Милошоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...