Влажна и нестабилна воздушна маса моментално се наоѓа над сливното подрачје на реката Лепенец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
– Во наредниот период се очекува брзо зголемување на водостојот на река Лепенец, како и на сите суводолици во границите на неговиот речен слив. Предупредуваме на внимателноост и претпазливо движење покрај суводолиците и помалите реки во сливот на реката Лепенец каде се можни и спорадични локални излевања во наредниот период.