Жената која кај Градски парк прегази 13-годишно дете осудена на 3 години затвор

1950

Во Кривичниот суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за жената која пред околу 4 години на Илинденска кај Градски парк прегази 13-годишно дете велосипедист.

„Со пресудата обвинетата М.Л. се огласува за виновна за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и е осудена на казна затвор во траење од 3 години. Во текот на постапката беа изведени 6 вештачења, а судот, како што беше наведено и при објавата на пресудата, смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и почитување на Законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници“, соопштија од судот.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје.

Фаталната несреќа се случи на 18 септември 2015 година, кога тогаш 47-годишната скопјанка удри во момчето во попладневните часови. Детето веднаш беше пренесено во Ургентниот центар каде за околу еден час им подлегна на повредите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...