Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка на партијата, Тимчо Муцунски денеска појадуваа со министерот за надворешни и европски работи на Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Мирослав Лајчак.
Опозиционерите на трпезата меѓу другото, го нагостија Лајчак со ајвар, што може да се види и од фотографијата.
„На средбата Мицкоски истакнал дека недобивањето на датум за преговори е неуспех на владата да направи клучни реформи, подобрувања на состојбите и да го унапреди стандардот на граѓаните. Тој посочи дека сепак граѓаните не треба да бидат казнети поради неспособната Влада на Заев и дека Република Македонија треба да добие датум за преговори до крајот на годината како би се воспоставил уште еден контролен механизам врз криминализираната власт и би се дала надеж наспроти евроскептицизмот кој се подгрева од одредени структури на власта“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и на Лајчак му рекол дека тие како партија се подготвени да ѝ помогнат на Владата во реформите.